Војдан Стојановски и Бујукчекмече остварија огромна победа на гостувањето против Усак Спортиф од 71-104, за многу важни бодови во битката за опстанок.
Бујукчекмече против себе го имаше „фенерџијата“ на табелата, но Стојановски и соиграчите во ниту еден момент не го потценија противникот, одиграа максимално ангажирано во текот на сите 40 минути и на крајот заслужено стигнаа до победата. Гостите на полувреме имаа само седум поени предност, а конечниот резултат е пред се исход на фуриозната последна четвртина што Бујукчекмече ја доби со 14-34.
Македонскиот капитен го заврши мечот со 6 поени за 20 минути игра, а најефикасен во победничкиот тим беше Караман со 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА