Убави вести: Сер Алекс Фергусон веќе не е на интензивна нега

Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, не е веќе на интензивна нега во клиниката Салфорд Ројал, откако му беше извршена итна операција по мозочниот удар што го преживеа пред четири дена. Тој и понатаму ќе остане под редовен надзор, но неговата здравствена состојба е значително подобрена, соопшти Манчестер јунајтед.

„На сер Алекс Фергусон веќе не му е потребна интензивна нега и тој ќе го продолжи своето лекување на одделението во клиниката Салфорд Ројал. Неговото семејство е благодарно за огромната поддршка која пристигнува од сите страни“, потенцираше клубот.

Шкотланѓанецот се повлече од менаџерската функција во 2013 година, откако освои фантастични 38 трофеи со Манчестер јунајтед во 26 години додека беше на кормилото на клубот од „Олд трафорд“. Сега е почесен член на раководството и се уште е и тоа активен во носење на кадровските решенија во Манчестер јунајтед.

Се вчитува...