Потег на полуфиналето: Летечкиот Маркус Гинјард (видео)

Работнички тргна фуриозно во полуфиналната серија Куманово, го доби првиот меч со 101-72, a „црвено-белите“ воедно го имаат и најдобриот потег во првите полуфинални средби од плејофот.

Во главна улога беше Маркус Гинјард, кој најпрвин одлично се ослободи од Мекиќ, за потоа со фантастично забивање да ја круниса својата соло-акција.

Погледнете ја мајсторијата на Американецот на Работнички, кој најавува враќање во топ-форма токму во клучниот дел од сезоната, во битките за шампионскиот трофеј.

Се вчитува...