Јувентус го декласира Милан во финалето на италијанскиот Куп

Италијанскиот првак Јувентус славеше убедлива победа над Милан (4-0) во финалето на Купот на Италија. „Старата дама“ ќе заокружи двојна круна, докажувајќи дека во моментот е најквалитетниот тим на Апенините.

Бенатија го отвори резултатот, а Даглас Коста со удар од далечина зголеми на 2-0. Дефанзивецот Бенатија беше стрелец и на третиот гол, а потоа Калиниќ ја погоди сопствената мрежа за тотален дебакл на „росонерите“.

Се вчитува...