Манџукиќ кон Бонучи: „Тргни ми се од пред очи….“ (ВИДЕО)

Леонардо Бонучи минатата година реализираше шокантен трансфер од Јувентус во Милан, како што самиот изјави „гладен за нови успеси и трофеи!“

Но, очигледно не може баш да се засити во редовите на Милан… И синоќа остана разочаран откако неговиот поранешен клуб едноставно ги растури „црвено-црните“ победувајќи со 4-0 во финалето од Купот на Италија. А, во финалето Бонучи и тоа како си имаше проблеми со поранешниот клупски колега, Марио Манџукиќ.

Како Јуве во вториот дел веќе „торпедираше“ се повеќе растеше и нервозата кај Бонучи… Во неколку наврати имаа меѓусебен конфликт, па на крајот Бонучи сакаше пријателски да се поздрави. Но, очигледно не помина кај Манџукиќ…, што наиде на воодушевување кај навивачите на Јувентус кои преку социјалните мрежи потенцираа дека така треба да се однесува секој фудбалер на „Старата дама“ кон „предавниците“…

Се вчитува...