УЕФА ќе го „тресне“ ПСЖ, ќе добие забрана за трансфери ова лето

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) сериозно се залага за почитување на финансискиот фер-плеј, правило кое го воведе за моќните фудбалски клубови сепак да не можат безглаво да се расфрлаат со пари секое лето. Пари Сен Жермен е еден од клубовите кој реално има многу повеќе остварени трошоци отколку приходи, со што е нарушено главното начело на финансискиот фер-плеј и најверојатно ќе добие забрана за реализација на трансфери во претстојниот летен преоден рок. Откриено е дека фудбалерите всушност потпишуваат договори со државата Катар.

Минатото лето, ПСЖ го купи Нејмар од Барселона за 222 милиони евра, а го доведе и Килијан Мбапе од Монако. Првиот трансфер беше целосно реализиран, а Мбапе дојде како позајмен играч на една година, со обврска токму ова лето да биде комплетно откупен на „Паркот на принцовите“. Но, УЕФА со своите аналитичари секако дека ќе застане на патот и на ваквите обиди за одбегнување на финансискиот фер-плеј, а прва жртва ќе биде токму Пари Сен Жермен.

Како што наведува „Л’Екип“, ПСЖ нема да смее да го откупи Мбапе, и единствено решение ќе биде да остане на позајмица уште една сезона, но доколку се согласи Монако. Можно е во приказната да влетаат Реал Мадрид или Манчестер сити, и да го купат младиот француски напаѓач од „кнезовите“.

Се вчитува...