Мурињо: Имам чувство…Погба ќе остане

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, вели оти „имал чувство“ дека Пол Погба ќе остане на „Олд трафорд“ и во следната сезона. Погба се повеќе е поврзуван со трансфер надвор од Премиер-лигата, откако го загуби статусот на миленик на клубот.

„Мислам дека тој ќе биде тука и следната година, тоа е моето чувство. Не велам дека сметам оти тој не треба да биде продаден ниту пак дека клубот не би го продал, туку дека никој не ни пристапил  за евентуален трансфер“ – изјави Мурињо.

Пол Погба дојде во Манчестер јунајтед во август во 2016 година за во тој момент рекордни 100 милиони фунти. Во актуелната сезона, Погба постигна шест гола во 25 премиерлигашки настапи што е за еден по1годок подобрo од претходното првенство. Сепак тој беше изоставен од почетниот состав на Мурињо на неколку клучни средби вклучително и на двата осминафинални дуели на Јунајтед во Лигата на шампионите против Севлија.

На две кола пред крајот на премиерлигашката сезона, Манчестер јунајтед е и официјално второпласиран на 20 бода дистанца зад шампионот Манчестер сити. Зборувајќи за сезонава што изминува, Мурињо уште и рече дека во клубот има играчи кои што дефинитивно не го заслужуваат дресот на Манчестер јунајтед, но и оти дел од нив со сигурност нема да си заминат на крајот од сезоната.

—————————————————————————————————————————————-

Комерцијално видео

Се вчитува...