Андреа Пирло, десна рака на Манчини кај „аѕурите“

Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, ќе биде дел од стручниот штаб на фудбалската репрезентација на оваа земја. Поранешниот ас на Интер, Милан и на Јувентус, тренерската кариера ќе ја почне како помошник на новиот селектор на италијанскиот национален состав, Роберто Манчини.

Според најавите, официјалната промоција на Манчини на селекторската позиција се очекува за краток период откако ќе биде и официјално потпишан договорот со италијанската фудбалска федерација.

Андреа Пирло активната играчка кариера ја заврши минатата година во дресот на Њујорк сити.

—————————————————————————————————————————————-

Комерцијално видео

Се вчитува...