Лејно: Конечно…. Скопје и Македонија заслужуваат да им го донесеме европскиот трофеј!

Конечно време е за европско шампионско славје!… Генералното е мото со кое „вардарки“ повторно на познат терен во Будимпешта го очекуваат викендов новиот настап на Ф4 завршницата од Лигата на шампионите.

Максимално насочени со мислите кон европскиот трофеј „црвено-црните“, кои веќе се во главниот град на Унгарија, низ позитивна атмосфера го очекуваат полуфиналниот натпревар против Дон Ростов…

„Минатата сезона бевме многу блиску до трофејот, но за жал таков е спортот некогаш мора да се помирите со поразите. Секако, ние како тим сакаме победа на секој натпревар. Сега е нова шанса за нас и во Будимпешта овој пат патуваме со желба конечно да стигнеме и до трофејот“ – вели Амандин Лејно, потенцирајќи дека ЖРК Вардар дефинитивно ја заслужува титулата оваа сезона.

„Сега сме многу поискусни затоа што четири пати веќе претходно бевме дел од турнирот на најдобрите. Реално, мислам дека оваа сезона навистина заслужуваме да стигнеме до европската титула“ – вели Лејно.

Се вчитува...