Бразилците се надеваат на освојување на ново мундијaлско злато, а еден од оние кои знаат како се освојува овој пехар е Ромарио. Предводникот на генерацијата од СП 1994 во САД сега ќе ја има улогата на навивач, но Ромарио дефинитивно со совет може да им помогне на младите фудбалери на „кариоките“ кои првпат ќе се соочат со ваков предизвик.
Еден од нив е и Габриел Хесус, талентираниот голгетер на Манчестер сити кој е прв избор на селекторот Тите за предводник на нападот на „кариоките“. Притисокот сигурно ќе биде огромен, но Ромарио знае како Хесус може да го намали – со многу секс во Русија.
„Каков совет да му дадам на Хесус? Да биде мирен и фокусиран, но и многу често да има секс. Навистина, водењето на љубов беше мој вентил за ослободување од стрес на големите натпреварување. Искрено им го препорачувам на сите“ – истакна Ромарио.
————————————————————————————————————————–
Комерцијално видео
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА