Шпанскиот прволигаш Атлетик Билбао од следната сезона ќе има нов тренер. Актуелниот стратег Хозе Сиганда ќе си замине од кормилото по завршувањето на тековното првенство.
Сиганда има уште една година од договорот со клубот, но во спогодбен раскин заедно со раководството на клубот одлучи да побара нов предизвик.
Хозе Сиагна го презеде тимот на Атлетик Билбао минатата сезона, наследувајќи го Ернесто Валверде кој прејде во редовите на Барселона. На две кола до крајот, Атлетик Билбао се наоѓа на 14.позиција на табелата во Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА