„Нула“ на Јунајтед и Вест Хем: По еден бод за задоволство на двата тима

Вест Хем и Манчестер јунајтед одиграа натпревар без многу возбудувања во последниот меч од 37. коло во Премиер лигата.

Во дуелот кој заврши без голови, „црвените ѓаволи“ беа поблиску до трите бода, не реализирајќи неколку убави шанси, но на крајот останаа задоволни и со освоениот еден бод.

По ова реми Манчестер јунајтед си ја осигура и дефинитивно втората позиција на табелата, пред последното коло, додека Вест Хем е со обезбеден опстанок.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...