Сосема е јасно дека Реал Мадрид ќе ја носи фаворитската улога во финалната пресметка од Лигата на шампионите против Ливерпул на 26. мај во Киев.
Легендата на „кралскиот клуб“, Франчиско Генто тврди дека Ливерпул ќе биде само „лесен залак“ за Реал.
„Без никаква дилема. Триумфот над Ливерпул и новата европска круна ќе бидат само ‘лесен залак’ за Реал“ – вели 84-годишниот Генто.
„Реал едноставно не може да загуби. Сите во тимот сакаат да продолжи одличната низа победи во Европа и сите знаат дека само победа во финалето е важна. Во Реал се свесни за тоа, и затоа ќе стигнат без проблеми до трофејот“ – дополнува Генто.
„Кралевите“ се апсолутни рекордери во Европа со 12 трофеи, а Генто зад своето име ги има дури шест европски трофеи во периодото од 1956 до 1966 година.
Комерцијално видео
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА