Актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон признава дека користи „ниски удари“, но оти тоа е неопходно во моментов кога неговиот Мерцедес има потешкотии на стартот од сезоната. Британскиот возач го презеде водството во генералниот поредок по триумфот на последната одржана трка, во Баку пред речиси три недели. Во пресрет на трката за Големата награда на Шпанија, Хамилтон се надева дека проблемиоте со кои што се соочува неговиот тим ќе завршат и дека нема да мора веќе да користи непопуларни средства за да дојде до успех.
„Ние всушност профитиравме од околностите кои силно влијаеа на исходот на трките, особено на последната. Го прифаќам тоа во моментов, но ова не смее да трае предолго“ – вели Хамилтон.
Хамилтон практично го доби на подарок победничкото место во Баку откако неговиот тимски партнер Валтери Ботас се соочи со проблеми на два круга пред крајот, а и од тоа што конкурентот, пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, направи грешка во обидот да го одмине Ботас еден круг претходно.
Трката во Шпанија е петта од Формула 1 сезоната, закажана е за в недела. Хамилтон по четирите трки води со 70 бода, четири повеќе од Фетел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА