Македонија без фудбалска репрезентација на Медитеранските игри во Тарагона

Македонија ќе биде без фудбалска репрезентација на Медитеранските игри кои оваа година ќе се одржат од 22. јуни до 1. јули во шпанска Тарагона.

Нашата земја во Тарагона ќе биде претставувана од 76 спортист(к)и од 15 спорта, но без фудбалската селекција која го откажа учеството поради неможноста да се состави квалитетна репрезентација до 19 години за достоен настап. Со оглед на терминот на одржување на Игрите, поголемиот дел од фудбалерите се на подготовки за новата сезона или, пак, веќе ќе имаат настапи во квалификациските кола за Лигата на шампионите и за Лигата на Европа. Со оглед на тоа што овие Игри не се задолжителни и клубовите немаат обврска да ги ослободат фудбалерите.

Македонската медитеранска делегација во Тарагона ќе брои вкупно 110 лица. Покрај 76 спортисти и 26 тренери и официјални лица и 8 судии. Најголем број каратистите, вкупно 7 репрезентативци, како и пет борачи. Веќе се познати сите патници за Тарагона, со исклучок на претставничката во стрелаштво. МОК треба да одлучи дали ќе биде тоа стипендистката за ЛОИ 2020 во Токио, Нина Балабан или Ана Ивановска која е предложена од Македобнската стрелачка федерација.

Од екипните спортови, Македонија ќе се натпреварува во ракомет, и во машка и во женска конкуренција. Ракометарите ќе играат во групата Д, заедно со селекциите на Србија, Египет и на Турција, додека, пак, ракометарките ќе бидат дел од групата Б, со Египет, Србија, Црна Гора и Турција.

Се вчитува...