Рафаел Надал не успеа да се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во Мадрид откако доживеа елиминација во четвртфиналето од австрискиот тенисер Доминик Тим.
Тим дојде до третата победа во седмиот меч против Шпанецот, славејќи во Мадрид во два сета со 7-5,6-3.
Интересно, во мај минатата година на АТП турнирот во Рим австрискиот тенисер исто така го елиминираше Рафаел Надал во четвртфиналната пресметка.
Во полуфиналето на турнирот во Мадрид претходно место обезбеди и Кевин Андерсон кој беше подобар со 7-6,3-6,6-3 од Србинот Лајовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА