Одбојкарките на Јанта Волеј се нови шампионки на Македонија! (ФОТО)

Одбојкарките на ЖОК Јанта Волеј ја освоија шампионската титула сезонава во најсилната домашна женска одбојкарска лига.

Во четвртиот натпревар од финалната серија, Јанта Волеј вечерва во спортската сала „Независна Македонија“ во Кисела Вода славеше со 3-1 против одбојкарките на Куманово па и со 3-1 во победи во вкупната серија од финалето стигнаа до шампионската круна.

„Задоволство е кога на ваков начин ќе се круниса сезоната. Доминиравме во шампионатот, а на убав начин ја завршивме и финалната серија против квалитетен противник како што е Куманово со што сосема заслужено стигнавме до шампионскиот трофеј. Сакам да им честитам на нашите одбојкарки за максималните изданија во финалните натпревари и освоената круна“ – истакна по денешната победа тренерот на Јанта Волеј, Горан Јаневиќ – Јанта.

Се вчитува...