УЕФА поведе постапка против Буфон

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) поведе постапка против голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, за неговото однесување на самиот крај од реванш мечот во четвртфиналето на Лигата на шампионите. 40-годишниот легендарен фудбалер доби црвен картон од судијата Мајкл Оливер поради неговата бурна и вулгарна реакција откако досуди пенал за Реал Мадрид во судиското продолжение од мечот.

Оливер покажа на белата точка по стартот на Мехди Бенатија над Лукас Васкез, при резултат 0-3 за Јувентус, кој ќе го однесеше натпреварот во продолженија. По дуелот, Буфон исто така имаше жестока изјава против судијата Мајкл Оливер.

Се вчитува...