Манџукиќ заминува од Јувентус: Ќе избира меѓу Милан и Кина!?

Неделниот дерби дуел против Рома и потоа домашниот натпревар со Верона би можеле да бидат последните два настапи на Марио Манџукиќ во дресот на Јувентус.

Италијанските медиуми пренесоа информација дека хрватскиот репрезентативец дефинитивно заминува од Јувентус ова лето. 32-годишниот Манџукиќ договор со „црно-белите“ има до јуни 2020 година, но во клубот се одлучни да го продадат додека се уште може добро да заработат од негов трансфер.

Прв кој пројави интерес за офанзивецот е Милан, но сепак прва опција за него е преселба во Кина. Се шпекулира дека веќе добил сериозна понуда со богат договор и годишна плата од 15 милиони евра.

Навивачите на Јувентус се против продажба на Манџукиќ но веќе се поизвесно е дека раководството на клубот донело одлука, па Хрватот сигурно заминува. Оваа сезона за „Старата дама“ одигра 41 натпревар постигнувајќи десет гола.

Се вчитува...