Францускиот клуб Пари Сен Жермен ќе се обиде ова лето во своите редови да го доведе Гонзало Игуаин, напаѓачот на Јувентус. Постои можност Единсон Кавани да си замине од „Паркот на принцовите“, па дури и Нејмар да направи мегатрансфер во Реал Мадрид, и раководството на „светците“ веднаш ги разгледува опциите за ангажман на нов врвен голгетер.
Јувентус најверојатно ќе го врати Алваро Мората од Челси во Торино, па заминувањето на Игуаин за голема сума и нема да биде така лоша опција за „старата дама“.
Аргентинскиот интернационалец во дресот на Јувентус заработува 6 милиони евра годишно, што секако нема да биде големо оптоварување за буџетот на богатиот ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА