Одбојкарките на Јанта Волеј на синоќешниот финален натпревар кој се одигра во спортската сала „Независна Македонија“ ги победија девојките од Куманово со 3-1 во сетов (20-25, 25-11, 25-4, 25-20). Со оваа победа девојките од Јанта Волеј станаа државни шампионки во сениорска категорија, а титулата ја прославија со стил, со факели.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, заедно со секретарот на локалната самоуправа Александар Алексовски, го проследија ова одбојкaрско финално дерби и на крајот на најуспешните одбојкарки на државното првенство им доделија пехари и медали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА