Луис Хамилтон стигна до пол-позицијата за утрешната трка за ГН на Шпанија, откако Британецот извозе перфектен круг што воедно претставува и рекорд на патеката.
Тој успеа да ги мине квалификациите за време од 1:16.173 минута, што е најдобро во историјата на оваа патека, оставајќи ги зад себе ривалите. Второпласиран ќе биде вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, додека Себастијан Фетел ќе ја стартува трката како третопласиран, пред Раиконен, Ферстапен, Рикиардо, Магнусен…
„Ми беше потребно едно вакво издание, една пол-позиција. Секогаш ми е задоволство да се тркам во Барселона, морам да бидам задоволен од прикажаното денеска, но знам дека вистинскиот предизвик следи на утрешната трка“ – изјави Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА