Со само четири стотинки подобро време од тимскиот партнер од Мерцедес, Валтери Ботас, и со нешто поголема разлика пред конкурентот од Ферари, Себастијан Фетел, актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон им се врати на пол позициите. На денешната трка за големата награда на Шпанија, Британецот ќе тргне од најповолната позиција, што за него е само втор ваков резултат сезонава. Пол – позиција имаше и на отворањето од сезоната во Австралија, а потоа трипати мораше да отстапи пред Себастијан Фетел.
„Оваа пол позиција ми беше многу потребна. Не сум бил лидер на стартот подолго време. Резултатите беа многу блиску, но секако сум среќен. Се обидував да направам се најдобро во секој сектор. Мојот тим работеше многу напорно. Дадовме се за овој резултат. Имаме еден – два во квалификациите и тоа е фантастичен резултат“ – изјави Хамилтон по квалификациите.
Во пресрет на денешната трка во Шпанија, Хамилтон е лидер во поредокот на возачи. Има 70 бода, веднаш зад него со минимално зоастанување од само четири бода е првиот пилот на Ферари, Себастијн Фетел. Битката на Каталуња е петта трка во Формула 1 шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА