Македонската кик-бокс репрезентација вечерва ги почнува натпреварите на Светското првенство во Мау Таи кое деновиве се одржува во Канкун, Мексико.
По денешното свечено отворање на шампионатот, прв вечерва свој настап ќе има Хадис Рамадани во категоријата до 67 килограми против Џонатан Семинарио од Перу.
Според програмата на организаторите, Бобан Илоски своите борби ги почнува утре против Бразилецот Џонсон Медеирош, додека Димитар Ѓорѓиев во категоријата до 86 килограми ќе стартува на 16. мај.
Македонската репрезентација во Мексико е предводени од трочлена делегација на Кик-бокс федерацијата на Македонија на чело со претседателот на КБФМ, Дејан Митровски, генералниот секретар и тренер Драган Атанасовски и техничкиот секретар на КБФМ, Ирена Митровска.
На ова Светско првенството по покана од IFMA (Светската федерација за мау таи аматери), раководството на КБФМ ќе присуствува и на годишниот спортски форум посветен на размена на култури и културни вредности, спорт и социјални средби на кој Македонија ќе биде примена како рамноправна членка во IFMA. Овој светски Мау Таи шампионат 2018 претставува прв квалификационен натпревар за следните Светски боречки игри и со него ќе се квалификуваат првите учесници на овој долго очекуван настан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА