Пелистер по голема битка успеа да слави над Пролет со резултат 23-19, одмаздувајќи му се на скопскиот клуб за поразот во првиот круг од плејофот. Домаќините во поголемиот дел од натпреварот го диктираа темпото и резултатот, но Пролет успеа да се врати и да израмни на 18-18 на девет минути до крајот. Сепак, гостинскиот тим во преостанатиот дел од мечот постигна само еден гол, наспроти пет на „пелистерци“, кои на крајот заслужено се радуваа на победата.
Чантурија со осум гола беше предводник на победата на Пелистер, Митиќ постигна четири, а прв стрелец на Пролет при вечерашниот пораз беше капитенот Андоновски со шест погодоци.
Вардар без многу мака ја оправда фаворитската улога против Работник, триумфирајќи во Битола со убедливи 22-39. Лука Циндриќ со осум и Кристопанс со седум гола беа најдобри поединци кај „вардарци“, кои одржаа лесен тренинг продолжувајќи да ја темпираат формата за фајналфор турнирот во Келн.
Металург лесно и рутински стигна до бодовите на гостувањето во Охрид, победувајќи го домашниот состав со 28-36. Мечот беше решен уште во првото полувреме што „металурзите“ го добија со 12-19, за потоа во рутинска игра да ја задржат убедливата позитива и во преостанатите 30 минути. Јагањц постигна осум, а Димитриоски шест гола за Металург, кај Охрид најдобар поединец беше Бобан Блажески со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА