Реал Мадрид одигра одличен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“, совладувајќи ја Селта со убедливи 6-0, во последниот меч на домашен терен во Ла Лига оваа сезона. Иако без помошта на Кристијано Роналдо, „кралевите“ беа навистина расположени за постигнување голови.
Герет Бејл ги постигна првите два гола за Реал, а и Иско се запиша меѓу стрелците до крајот на првиот дел. Серијата голови продолжи и во второто полувреме. Погоди младиот Хакими, потоа Гомез си постигна автогол, а Тони Крос го постави конечниот резултат, 6-0 во корист на „кралскиот клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА