Фудбалерите на Лион доживеаја шокантен пораз (3-2) на гости против Стразбур иако имаа водство до 89.минута од натпреварот. Но, домашните фудбалери Да Коста и Линард во фото-финишот постигнаа два гола за целосен пресврт, по што Лион сега го загуби второто место на табелата кое води во Лигата на шампионите.
Монако успеа со гол од пенал во 90.минута да слави над Сент Етјен. Фабињо беше успешен реализатор на најстрогата казна, а „кнезовите“ сега имаат два бода предност пред Лион, и во последното коло ќе гостуваат кај веќе испаднатиот тим на Троја.
Пари Сен Жермен изненадувачки загуби на домашен терен од Рен со 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА