Икарди: Ако тоа е најдобро за Интер, тогаш си одам!

Интер синоќа неочекувано загуби со 2-1 од Сасуоло на „Џуземе Меаца“, со што најверојатно на тој начин си се збогуваше од Лигата на шампионите со оглед на тоа што на Лацио денеска му е потребен само бод против Кротоне за да го осигура 4. место.

Најдобриот стрелец и капитен на Интер, Мауро Икарди е разочаран по сето ова, подготвен дури и да си замине од клубот.

„Како и секоја година ќе разговарам со раководството. Ако за тимот е добро да останам, тогаш ќе останам, ако не тогаш заминувам“ – истакна Икарди и дополнува:

„Секогаш го давам најдоброто за тимот. Разочарани сме, сакавме да победиме, но Сасуоло одигра фантастичен меч. Плус и нивниот голман го имаше натпреварот на животот“.

За Интер останува само малку надеж дека на крајот сепак ќе дојде до Лигата на шампионите. Со помош на чудо.

„Се надевам дека Кротоне ќе го запре Лацио па ние ќе имаме можност во директната пресметка против Лацио да се избориме за зацртаната цел“ – вели Аргентинецот.

Се вчитува...