Голема победа: Димитријевиќ и Хувентуд обезбедија опстанок

Ненад Димитријевиќ и тимот на Хувентуд го комплетираа фантастичниот камбек, откако се кренаа од работ на амбисот и обезбедија опстанок во елитното шпанско кошаркарско друштво.

Пред околу два месеци се чинеше дека клубот од Бадалона сигурно ќе се пресели во понизок ранг на натпреварување, но Хувентуд одигра одлично во последно време, денеска славеше над Фуенлабрада со 95-87, за петта победа во низа и осигурување на прволигашкиот статус на две кола до крајот на сезоната. Дуелот со Фуенлабрада беше решен уште во првата четвртина што Димитријевиќ и соиграчите ја добија со 20-7, по што ја одржаа предноста до самиот крај.

Македонскиот репрезентативец одигра само пет минути од овој натпревар, реализирајќи четири поени, еден скок и една асистенција.

Се вчитува...