Македонскиот репрезентативец Енис Барди не го криеше задоволството по синоќешната негова одлична партија и триумфот на Леванте од 5-4 против новиот шпански шампион, Барселона.
Барди по мечот истакна дека неговиот сон откако почнал да игра фудбал бил гол против големата Барселона… Од синоќа тој го живее тој сон, сега и со два погодоци во мрежата на каталонскиот тим.
„Не може да сокријам дека навистина сум пресреќен. Отсекогаш сонував да и дадам гол на големата Барселона. Сега го живеам тој сон. Среќен сум што и Леванте покажа дека има одличен тим, група на извонредни фудбалери кои можат многу во Примера. Тимскиот дух е причина за овие победи во финишот од сезоната, се чувствува огромна самодоверба во нашите редови и затоа дојде и оваа победа против Барселона“ – истакна Барди по синоќешната победа во Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА