Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, упати пофалби на адреса на своите кошаркари по одличното издание и заслужената победа над Блокотехна, за водство од 2-1 во оваа полуфинална серија. „Металците“ експресно реагираа по поразот во Гевгелија, одиграа на далеку повисоко ниво во одбраната и заслужено стигнаа до победата.
„По претходниот меч реков дека реши пристапот, тоа беше случај и овојпат, но во наша корист. Пофалби до моите играчи за начинот на кој влегоа во натпреварот, се бореа за секоја топка, бевме агресивни и во нападот и во одбраната. Голема благодарност и до публиката, која ни даде поддршка во моментите кога ни беше најзначајна. Победата е многу важна, но да не заборавиме дека серијата се игра до три, така што немаме многу време за славење. Целта е иста, да одговориме на предизвикот, во Гевгелија да ја повториме играта од овој меч и да го осигураме пласманот во финалето“ – истакна Кочов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА