Слаба утеха: Две „вардарки“ меѓу трите ѕвезди на Ф4, Лејно, Лекиќ и Лазовиќ во Топ 5

Нема утеха за „вардарки“ по последната пропуштена шанса „црвено-црните“ да се искачат на врвот на Европа. Дека заслужија доволен доказ е фактот дека меѓу трите ѕвезди на ЕХФ на овој фајналфор викенд во Будимпешта две се членови на Вардар, Амандин Лејно и Андреа Лекиќ, кои одиграа одлично и во полуфиналето против Ростов и во големото финале со Ѓер, за жал недоволно за кревање на шампионскиот пехар.

Покрај нив, место во одбраното друштво имаше само за една европска шампионка, Нике Грот од Ѓер.

Лејно заслужено ја доби наградата за МВП на фајналфор турнирот, а Французинката имаше и две од петте најдобри одбрани во Будимпешта. Таа се најде на второто и петтото место на Топ 5 листата, на која заслужено врвот е резервиран за Ева Кис и интервенцијата за европска круна на Ѓер. Петте најдобри голмански одбрани од овој Ф4 турнир можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК .

Андреа Лекиќ го има и најубавиот гол на фајналфор турнирот, на топ-листата на која се наоѓа и Барбара Лазовиќ. Петте погодоци кои го одбележаа овој Ф4 можете да ги погледнете ОВДЕ.

Се вчитува...