Блокотехна не успеа да ја повтори одличната игра од последниот меч во Гевгелија, па избраниците на Марјан Илиевски со негатива од 1-2 ќе влезат во претстојниот меч на домашен терен, свесни дека евентуален пораз ќе значи и крај на нивната одлична дебитантска сезона во елитното друштво.
„Почнавме добро со шест поени, нападот делуваше онака како што посакувавме, но потоа за момент бевме исфрлени од ритам и мечот тргна во спротивен правец. Ја видовте силата на МЗТ, го немаа Симоновски, но тука беше Соколов, во првото полувреме разликата ја направи Стојановски. Многу пати сме говореле за подолгата ротација, нема да се повторувам, мене ме интересира мојата екипа, а слободно можам да кажам дека можеме да играме подобро од она што го покажавме во Скопје. Сега на ред е дуелот во Гевгелија, едно е сигурно, ние нема да се предадеме, туку ќе сториме се за да се избориме за мајсторка“ – изјави стратегот на Блокотехна.
Голем проблем за Илиевски претставува повредата што во самиот финиш од вчерашниот натпревар ја заработи Двејн Бенџамин, поради која најдобриот кошаркар на Блокотехна речиси сигурно ќе го пропушти утрешниот дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА