Тајна средба Тухел – Нејмар

Томас Тухел денеска беше промовиран во нов тренер на Пари сен Жермен, а германскиот стратег претходно остварил и средба со главната ѕвезда на тимот, Бразилецот Нејмар. Поранешниот тренер на Борусија веќе неколку дена се наоѓа во Париз, а по доаѓањето на Нејмар од Бразил била организирана и средба меѓу новиот стратег и најдобриот фудбалер, за која остатокот од тимот не бил информиран.

Медиумите сепак открија дека разговорот траел неколку часа, а било дискутирано околку планот на подготовки на Нејмар. Бразилецот сигурно ќе добие дополнителни денови одмор по настапот на СП 2018 во Русија, a Тухел добил гаранции од раководството на клубот дека Нејмар во ниту еден случај нема да биде продаден на Реал Мадрид, без оглед на бројните новинарски пишувањата на оваа тема.

Томас Тухел на тренерската функција ќе го наследи Унаи Емери, кој не успеа да ја реализира зацртаната цел – искачување на тронот на фудбалска Европа.

Се вчитува...