Новиот француски првак Пари Сен Жермен и официјално објави дека од следната сезона ќе го има Томас Тухел за нов тренер. Тој потпиша двегодишен договор со клубот од „Паркот на принцовите“ и ќе го наследи Унаи Емери на клупата на овој тим.
„Многу сум среќен што доаѓам во еден од најдобрите клубови во светот, Пари Сен Жермен. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на раководството, дека ќе ги исполниме зацртаните цели. Радосен сум пто ќе имам можност да соработувам со дел од најдобрите светски фудбалери кои се членови на ПСЖ“, изјави Томас Тухел за официјалниот сајт на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА