Манчини и официјално нов селектор на Италија

Поранешниот тренер на Интер и на Манчестер сити, Роберто Манчини, кој пред два дена се раздели од кормилото на рускиот клуб Зенит, и официјално е нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија. Тој постигна договор со ФИГЦ да го преземе кормилото на „аѕурите“ по големиот неуспех со необезбедениот пласман на Светското првенство во Русија.

Манчини утре и официјално ќе и биде претставен на јавноста на прес конференција во базата „Коверчано“. Италија заврши како второпласирана во групата заедно со Македонија во квалификациите за СП, а потоа беше елиминирана од Шведска во баражот за пласман на мундијалот.

Се вчитува...