Италијанскиот калчолигаш Лацио доби убави вести околу здравствената состојба на својот најдобар напаѓач Чиро Имобиле. Тој се очекува да биде подготвен за настап на решавачкиот натпревар против Интер во последното коло од Серија А. Овој натпревар директно ќе решава кој од овие два тима ќе го освои четвртото место и со тоа ќе обезбеди учество во Лигата на шампионите следната година. Лацио во овој момент има три бода предност, но не смее да загуби за тоа што Интер има подобар биланс во меѓусебните дуели.
Чиро Имобиле е надвор од тимот на Симоне Инзаги од 29 април, кога заработи повреда на бутниот мускул на натпреварот во Торино. Првичните прогнози беа дека нема да може да игра до крајот на сезоната, но лекарите направија максимални напори за да го оспособат за настап на клучниот меч против Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА