Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го соопшти списокот репрезентативци за двата пријателски натпревари кои на 24. и на 27. мај ги играме против Азербејџан.
На селективниот камп во Аззербејџан ќе бидеме без едни од двајцата најдобри наши фудбалери, Елиф Елмас од Фенербахче и Димитар Митровски од Спортинг Лисабон, кои откажаа поради повреди, исто како и Есми Личина од Скопје и Емил Абаз.
„Ни претстои селективен камп во Азербајџан, на 24. и на 27. мај. Личина, Абаз, Елмас и Митровски од Спортинг Лисабон откажаа поради повреди. Ова е списокот кој сега ќе ни биде на располагање. Ова е У-20 селекција како еден почеток за создавање на тим кој ќе има право на настап во следниот циклус квалификации заедно со генерацијата која досега играше во У-19. Мислам дека ќе бидеме конкурентни и во следните квалификации“ – истакна Милевски на денешната прес-конференција по соопштувањето на списокот.
За Милевски овие два натпревари ќе бидат последни на клупата на младата селекција. Потоа продолжува со тренерската кариера во израелски Ашдод.
СПИСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА (У-21) ЗА ТЕСТОВИТЕ СО АЗЕРБЕЈЏАН:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА