Европската фудбалска организација (УЕФА) повеќе сака Ливерпул да го победи Реал Мадрид и да го освои трофејот во Лигата на шампионите! Тоа го „открива“ поранешниот функционер во УЕФА, Томас Грим, во пресрет на финалето од ЛШ што ќе се одигна на 26 мај во Киев.
Грим кој сега е престедател на украинската фудбалска лига, а порано беше член на правниот тим на УЕФА, ова тврдење го образложува со тоа дека УЕФА преферира да се менуваат шампионите, а Реал беше шампион на Европа во претходните две години.
„УЕФА секогаш сака нови шампиони за да не се „убие“ натпреварувањето, а тоа би се случило ако ист тим биде најдобар трипати по ред. Реал има фантастични играчи, но од аспект на натпреварувањето, подобро е друг тим да стане шампион“ – изјави Грим за украинските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА