На само пет дена пред стартот на групниот сегмент во Сребрената Европска лига, македонската одбојкарска репрезентација се соочува со неизвесност околу тоа дали во комплетен состав ќе го почне натпреварувањето. Отворањето е против Косово в недела на гостински терен.
Нашиот тим ја одработува финалната фаза од подготвките, но на тренеизите одвоено од екипата работи, првиот техничар Ѓорги Ѓоргиев. Тој има повреда на коленото и според моменталите проценки би можел да биде дел од тимот на четвртата средба од групата. На повреда на коленото се жали и првиот среден блокер, Филип Маџунков, но тој е дел од тренажниот процес.
Одбојкарската репрезентација која летово ја презеде новиот селектор, Љубомир Травица, во групата од Сребрената Европска лига, покрај со Косово ќе се натпреварува и со Летонија и со Австрија. Овие дуели за македонскиот состав всушност ќе бидат со подготвителен карактер за клучната фаза, Ф4 турнирот. Нашиот тим секако има обезбедено место меѓу четирите најдобри екипи во натпреварувањето бидејки завршницата ќе биде во Скопје на 15 и 16 јуни.
Натпреварите од групата во Сребрената Европска лига ќе бидат одиграни во периодот од 20 мај до 6 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА