Македонските репрезентативци во кик бокс, Бобан Илиовски и Димитар Ѓорѓиев обезбедија најмалку бронзени медали на Светското првенство во Мау Таи кое се одржува во Канкун, Мексико.
Илиовски успешно мина две рунда натпревари победувајќи ги Бразилецот Џонсон Медеирош, како и Канаѓанецот Свон Тарнер, по што го очекува полуфиналната битка во обид за влез во финалето и можност да стигне до златниот медал. Во полуфиналето Илиовски ќе се соочи со домашниот кик-боксер Мигел Падиља Роблес.
Обезбедена бронза има и Димитар Ѓорѓиев во категоријата до 86 килограми. Во полуфиналето Ѓорѓиев ќе се бори против Бугаринот Даниел Илиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА