Бадел ја одбрани титулата во женската кошарка

Кошаркарките на Бадел ја продолжуваат својата доминација во женската кошарка, откако славеа со 3-0 во финалната серија со Вардар, бранејќи ја шампионската титула што редовно ја освојуваат во последните неколку години.

По почетната предност од 1-0 поради подобриот скор во текот на сезоната, „баделки“ вторпат во неколку дена славеа над Вардар, овојпат на гостински терен со убедливи 55-76. Вардар благодарение на добрата одбрана успеваше да одржува неизвесност во првото полувреме, кое заврши со седум поени разлика. Сепак, шампионките го кренаа темпото во вторите 20 минути, ја кренаа предноста над 10 поени и лесно го контролираа резултатот се до конечните 55-76, за нов шампионски трофеј.

Признанието за МВП на финалната серија и припадна на македонката репрезентативка Александра Стојановска од победничката екипа.

Се вчитува...