Дмитри Паје е најголемиот малер на вечерашното финале од Лигата на Европа, откако асот на Олимпик Марсеј не успеа да го одведе својот тим до пехарот. Екс-фудбалерот на Вест хем при влегувањето на теренот го допре пехарот, кој на крајот сепак заврши во рацете на противничката екипа.
Тој почна одлично, му асистираше идеално на Жермен, но голгетерот биеше крајно непрецизно. Потоа Гризман го постигна првиот гол, па следеше повредата на Паје, а по излегувањето од игра стана јасно дека Олимпик нема да може да се врати во финалето.
Сега останува да се почека на резултатите, да се види колку е сериозна повредата, бидејќи ако е „супер-малер“, Паје поради неа би можел да остане и без настап на СП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА