Во период кога многу се шпекулира за неговата иднина и евентуалниот трансфер во Барселона, Антоан Гризман блесна во најсјајно издание во финалето во Лион, носејќи му го на Атлетико третиот трофеј во Лигата на Европа. По мечот Гризман беше горд на победата, но потсети и на претходните разочарувања во битките за трофеи.
„Си заминав од дома на 14 години бидејќи сакав да освојувам пехари, ова ми е само втор, по оној во Супер-купот на Шпанија. Искрено ми е жал бидејќи можеа да бидат уште повеќе, се надевам дека во иднина оваа бројка ќе се зголемува. Што се однесува до мечот, не беше така лесно како што се чини од самиот резултат, Олимпик е одличен офаанзивен тим и ние работевме напорно за да ги неутрализираме. Победивме бидејќи игравме со ладни глави, ја искористивме првата грешка на противникот и си ја олеснивме задачата“ – изјави Гризман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА