Икарди потпишува нов договор со Интер со висока клаузула

Аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди веќе неколку сезони е најодбар играч на Интер и успева да им одолее на понудите од другите клубови. Според италијанските медиуми, Икарди летово сепак, може да ги напушти „нероаѕурите.

Информациите од Милано потврдуваат дека и во Интер се подготвени да го пуштат капитенот летово и добро да заработат од трансферот. Наводно, Интер и Икарди веќе договориле потпис на новиот договор за да постават повисока откупна клаузула.

„Фудбал Италија“ објави дека Икарди со Интер ќе го продолжи договорот до летото 2023, а неговата откупна клаузула ќе бид едури 180 милиони евра. Доколку пак Аргентинецот одлуќи и понатаму да остане во Интер, според новиот договор, годишно ќе заработува по осум милиони евра.

Се вчитува...