Руската тенисерка Марија Шарапова обезбеди пласман во четвртфиналето на ВТА турнирот во Рим со победата против Дарија Гаврилова со 6-3, 6-4.
На Шарапова за победата и беа потребни нешто помалку од 100 минути, а интересен е податокот дека на руската тенисерка ова и е второ врзано четвртфинале уште од 2015 година.
Во следната рунда, Шарапова ќе се сретне со петтата носителка Елена Остапенко која во три сета ја елиминира Џоана Конта со 2-6, 6-3, 6-4.
Медисон Киз поради повреда го предаде мечот против првата светска тенисерка, Симона Халеп, која пак во следната рунда ја чека победничката од пресметката меѓу Слоун Стивенс и Каролина Гарсија.
Елимнинација во ова коло доживеа искусната Венус Вилијамс во дуелот со Естонката Анет Контавејт so 6-2, 7-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА