Францускиот селектор Дидие Дешамп го објави списокот од фудбалери на чии услуги ќе смета за претстојниот мундијал. „Триколорите“ се значително подмладени, па така на списокот на Дешамп од 23 играчи само деветмина ги бранеа боите на Франција на последниот европски шампионат пред две години.
Премиерлигашките голгетери Александар Лаказет и Антони Марсијал не се најдоа на списокот, исто како и плејмејкерот на ПСЖ, Адриен Рабио. Мбапе ќе биде главна ѕвезда во нападот заедно со Гризман, а Дешамп му укажа доверба на Дембеле без оглед на проблемите со повредите и малата минутажа на овој фудбалер во дресот на Барселона.
Најтенко се очекува да биде во одбраната, каде ќе недостига повредениот Кошиелни, а селекторот реши да не го вклучи во составот младиот Лапорт, кој последните неколку месеци ги мина во дресот на Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА