ПСЖ му нуди шанса на Буфон да ја освои ЛШ

Пари сен Жермен е многу сериозна опција за Џанлуиџи Буфон, откако челниците на францускиот првак стапиле во контакт со ветеранот, покажувајќи огромен интерес да го доведат на „Паркот на принцовите“. Телевизијата „Канал плус“ се повика на извори од управата на ПСЖ дека преговорите се наоѓаат во завршна фаза, а „Ле Паризиен“ вечерва објави дека адут на францускиот клуб е што на 40-годишниот голман му нуди договор на две сезони.

Сите останати заинтересирани екипи, меѓу нив и Реал Мадрид и Ливерпул, се заинтересирани само за едногодишна соработка, па во ситуација кога не размислува за пензија, Буфон многу посериозно ја разгледува опцијата за преселба во Париз.

Воедно, овој трансфер би му оставил шанса на голманот да се закити со единствениот трофеј што му недостига, титулата во Лигата на шампионите, со оглед на фактот дека ПСЖ секоја година е сериозен кандидат за освојувањето на овој пехар.

Се вчитува...