Новак Ѓоковиќ по подолго време е во победничка серија. Српскиот тенисер го одигра најдобриот меч во 2018 година и го победи Алберто Рамос Виљолас со 6-1, 7-5 за пласман во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Рим.
На овој меч во Рим, Ѓоковиќ потсети на старите времиња кога беше супериорен на тениските терени, стигнувајќи до своето прво четвртфинале сезонава.
По победата, Србинот направи убав гест и рекетот му го поклони на еден од навивачите зад неговата клупа.
Во следното коло, Ѓоковиќ ќе игра против Кеи Нишикори. Јапонецот на патот до четвртфиналето славеше победа против Филип Колшајбер од Германија со 6-1, 6-2.
Турнирот во Рим се игра за награден фонд од 4.875.105 евра, а титулата ја брани Александар Зверев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА