Во светот на фудбалот на Стариот континент остана уште решението околу новиот европски клупски шампион, кое на 26. мај во Киев ќе ни го дадат Реал Мадрид и Ливерпул.
Во пресметката на двата најдобри европски клубови за оваа сезона во ЛШ, секако „кралевите“ се тие кои ја носат фаворитската улога. Сериозно мотивирани и за одбрана на минатогодишниот трофеј. Најдобриот поединец на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо постојано потенцира деновиве дека амбициите на тимот се повеќе од јасни – одбрана на трофејот кој никако не планираат да им го препуштат на „црвените“ од Ливерпул!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА